Мапата на светот во 500 парчиња

Инсталација која се базира на светската мапа со димензии 3м х 5м и содржи 500 сиво обоени квадрати од утре (сабота, 1 септември 2012 година) ќе биде претставена во мултимедијалниот центар Мала станица, кој е во состав на Националната галерија на Македонија. Автор на проектот е грчката визулена уметница Леа Петру.

 

„Простор во 500 парчиња“  на Леа Петру е интерактивна инсталација – 500-те квадратни картички се испратени до визитинг листата на Националната галерија на Македонија и врачени на луѓе од градот Скопје.

Гостите се поканети да ја обојат квадратната картичка и да го посетат Мултимедијалниот центар Мала станица со цел да ги постават истите било каде на колективната целосно обоена сложувалка.

Боењето на светската мапа ќе биде за времетраењето на изложбата и финалниот имиџ целосно ќе зависи од посетителите и нивната волја да бидат интерактивни.

You May Also Like