По повод 70 годишнината од депортацијата на своите сограѓани, штипските евреи во злогласните фашистички логори, советот на Општина Штип, заедно со градоначалникот, денес (вторник, 12 март 2013 година) организираат неколку активности и манифестации:
– Промоција на алманах-Збирка на детски творби на теми од Холокаустот која ќе се одржи во големата сала на советот на Општина Штип, во организација на Фондацијата 11-ти март од Штип.
– Полагање на цвеќе пред споменикот на депортираните евреи во Штип, со почеток во 11 часот.
– Отварање на изложба на детски цртежи на тема од Холокаустот во уметничката галерија Безистен, во организација на Завод и Музеј- Штип и Музејот на Холокаустот од Скопје, со почеток во 12 часот.
По овој повод поканети се голем број на институции и граѓани од Штип и гости од Скопје, како и гости од други држави кои присуствуваа на централната манифестација што се одржa во Скопје, на 11март 2013 година.