Вечер (петок, 31 август, 2012) во 21:00 часот, ќе се одржи вечер на изворен фолклор на балканските народи.
Вечерта, која се одржува трета година по ред, е во рамките на манифестацијата „Цело лето – културно лето“ што прилепскиот Центар на културата ја организира вос оработка со општина Прилеп.Пред публиката ќе се претстават: КУД „Ковиље“ од Србија, Арт Либитум од Бугарија и Оркестар за традиционални инструменти „Зора“ кој работи во рамките на Факултетот за музички уметности при Универзитетот „Гоце Делчев“во Штип.