„Јас и ти“ е новата песна на Зад Аголот која ќе биде промовирана в недела (10 март, 2013) во “Stage Caffe” (City Mall, Скопје), со почеток во 18:00 часот. За песната ќе биде промовран и видео спот.
Ова музичко остварување, како и видеото служат за да се подигне свеста на луѓето за тоа дека се гушиме во сопствениот смог и наместо да го бараме излезот заедно, ние се ограничуваме и делиме на различна основа.
Ова е прв проект од ваков карактер за момците од Зад Аголот. Инспирирани од “Еко Песна” на Дуо Трио со примеси на блуз благодарение на Игор Станоевски (Игимен) и Нина Јанева може да се каже дека ова на некој начин е преработена песна која носи многу голема порака.
Видеото е дело на веќе докажаниот Бранко Блажевски (Покрај Бренсис Видео Обработка). Инструменталниот дел го одработи Скопскиот блузер Игор Станоевски (Игимен) продуциран од страна на Марко Ѓурѓиќ.