„Од срце за Филип“ заедно со Здружението Деница, Здраво Живо и парК денеска (четврток, 7 март, 2013) во клубот МКЦ организираат базар на ракотворби, здрава и вкусна храна и дизајнерски парчиња на накит и облека. Почетокот е во 18:00 часот.
Единствена можност да видите и купите некои од уникатните ракотворби и дизајни на наши познати креатори кои ке бидат изложени.
За вашето здравје ќе се погрижи Маја Платнар со прекрасните колачиња и вкусното смуди. Mузички настап Дарко Илиевски и Симона Попоска – ексклузивци на Горила Продукција.
Влезницата е 100 денари, а сите собрани средства ќе отидат за лекување на младиот Филип Михајловски (18) од Скопје.