Синоќа (среда, 6ти март) во фоајето на Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани се одржа промоција на книгите на Павел Шатев, „Историја на македонија“ и „Борис Сарафов, биографија“.
За делото „Историја на македонија“ зборуваше професор Виолета Ачковска, додека за книгата „Борис Сарафов, биографија“ свое обраќање пред присутните имаше професор Зоран Тодоровски.
На двете книги на Павел Шатев од новинарски аспект се осврна најголемиот „виновник“ за нивното излегување, новинарот Предраг Димитровски, кој успеал да ги обезбеди ракописите на Шатев со што го овозможил и излегувањето во печат на самите дела.
Од промоцијата на овие две дела, кочанската и пошироко македонската јавност дознава повеќе за животот и делото на Павел Шатев, за неговата болна животна историја и истрајност во борбата за Македонија и македонштината. Ракописот настанува некаде по ослободителната војна во време на комунистичкиот режим.
На настанот присуствуваше на актуелниот градоначалник и кандидат на престојните избори, Ратко Димитровски.