Петра Јовановска утре вечер, (четврток, 02. 02. 2012 година) со почеток во 20:00 часот во Галерија 8 во Безистенот во Старата скопска чаршија, ќе се престави со изложбата насловена како „Во допир со минатото“.
Изложба на околу 20 дела (помал формат ) изработени во комбинирана техника со употреба на елементи од графика. Ликовните трудови преставуваат селекција од неколку циклуси, до сега неизложувани.
° Петра е родена 1972 година во Јесеник, Чешка
° 1995 година завршила Ф.Л.У. во Скопје, отсек графика во класата на проф. Димче Николов
° Самостојни изложби:
2011 – КИЦ, Скопје
2011 – Галерија на градска библиотека, Бланско, Р. Чешка
2011 – Бастион Св. Јадвига, Ниса, Полска
2011 – Градска галерија, Тахов, Р. Чешка
2010 – Градски музеј, Кралики, Р. Чешка
2010 – Галерија Будоуцност, Острава, Р. Чешка
2010 – Галерија Ве Дворже, Весели над Моравоу, Р. Чешка
2009 – Градски музеј, Бузет, Хрватска
2009 – Бастион Св. Јадвига, Ниса, Полска
2009 – Галерија В. Маржик, Краљево, Србија
1999 – Галерија Имич-Интериер, Брно, Р. Чешка
1997 – Ликовен салон, Музичко училиште, Тетово
1995 – Уметничка галерија Арабати баба теќе, Тетово
° Групни изложби:
учество над 100 групни изложби
Друго:
° Педагошка дејност во Чешка
° Учество на 7 ликовни колонии во странство
° Семинари: Сликање на свила и Оценување на естетско-образовните предмети, Прага, Чешка
° Члена на:
– ДЛУМ, Скопје
– Балканска Арт Иницијатива, Белград, Србија
– Академија Арт, Загреб, Хрватска
– УВУ ЧР, Прага, Чешка
° Награда на ДЛУМ „Димче Николов“ за графика (2012 )