Денеска (12 септември, петок) во 15:00 часот во фоајето на Музејот на современата уметност, ќе се отвори изложбата Градина на бои – Допри ја уметноста, на која ќе се презентираат дела на деца на возраст од 4 до 10 години.
Проектот е резултат на соработката помеѓу НУ Музеј на современата уметност – Оддел за едукација и Mакедонско Монтесори Здружение. Во период од 16 јуни до 25 јули се реализираа вкупно 11 едукативно-креативни работилници, од кои шест во Монтесори, при што на децата инспирација им беа познатите светски уметници Да Винчи, Ван Гог, Пол Кле Дега и Моне. Преку петте работилници во НУ МСУ, учесниците во проектот имаа можност да се запознаат со делата на Пикасо, Енрико Бај, Личеноски, Мартиноски и Узуновски и создадоа сопствени дела изразувајќи ја својата креативност.
Со проектот се опфатени педесетина деца кои создадоа дела изработени во повеќе ликовни техники.