Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин”, во согласност со Законот за државните награди, Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди и Правилникот за работа на Одборот на седницата одржана на 11.12.2012 година донесе одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин” во 2012 година:
1. За остварување во областа на публицистиката, државната награда ја делат:
– Свето Стаменов и Блерим Исени, публицисти.
2. За остварување во областа на новинарството, државната награда ја делат:
– Зоран Трајчевски и Мира Костиќ, новинари.
Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 21 декември 2012 година (петок) во 11 часот, во Порта Македонија.