Вечер (сабота, 23 февруари) во 19:00 часот во Големата сала на Центарот за култура во Битола, детскиот хор „Ѕвончиња“ ќе го одржи својот традиционален концерт „Пееме до ѕвездите“ посветен на најголемата поп ѕвезда во Македонија – Тоше Проески.
Покрај прекрасните „Ѕвончиња“ кои се под раководство на марина Коруновска, годинава на концертот ќе учествува и групата Калабалак, вокалната група Мелодиум, а ќе гостува и хорот на словенечкото друштво Триглав.