Македонските карикатуристи Блаже Докуле, Мирослав Ѓоргиевски и Златко Крстевски освоија вредни признанија и награди на 21. Интернационален фестивал на карикатура Дикако 2012 што се одржа во Јужна Кореја.
Битолчанецот Докуле, кој на фестивалот во Јужна Кореја учествувал со две карикатури на тема Новиот еко-град, третпат во континуитет освојува награда.
„Конкуренцијата во Јужна Кореја беше голема бидејќи учествуваа карикатуристи од 54 држави во светот. Творбите што ги испративме беа карикатури на зададена тема. Бидејќи три пати едно по друго освојувам награда на Дикако, организаторите ме поканија и годинава да учествувам“, истакна карикатуристот Блаже Докуле.