Kомедијата „Старо купуем“ во режија на Младен Kрстевски и во продукција на „Ве-ма филм“, вечерва (сабота, 23 февруари) во 21:00 часот, премиерно ќе биде прикажан во Домот на АРМ во Скопје.
Во главните улоги, освен Kрстевски, играат Ѓорѓи Тодоровски-Трупче, Александар Шехтански, Kица Ивковска и Маја Вељковиќ.
Филмот се снимаше на локации во Скопје, Kрива Паланка и во Битола. Сценариото е на Kрстевски, директор на фотографија и снимател е Слободан Стојков.