Во кафулето Дамар се одржа изложба со наслов “Reuse Design” каде беа изложени предмети направени од децата Роми од младинскиот центар на Центар за социјални иницијативи “Надеж” потпомогнати од активисти на НВО Културна Врска.
Присутните имаа можност да погледнат и купат производи изработени од стари материјали и неупотребливи предмети кои преку трансформација добија нов изглед и намена. Од пластични шишиња, фолии, касети и дискети, копчиња и семиња децата направија кабаници за дожд, прстени, венчиња, чанти, но и слики и разни декоративни предмети.
Изложбата беше голем успех за децата бидејќи со изработката на производите научија нов начин за изразување на нивната креативност и имагинација. Дел од нив присуствуваа на настанот и беа многу среќни што прозводите им се допаднаа на посетителите. Поради тоа, Ц.С.И. Надеж и во иднина планира да продолжи со оваа активност вклучувајќи поголем број на деца Роми.
Сите собрани средства од продажбата на производите ќе му бидат донирани на семејството Бекирови преку купување на прехранбени продукти и средства за лична хигиена.