Втор ден на „Локум фест“

По синоќешната Чалгиска вечер со наслов „Ако одам во Битола“  и отворањето на изложбата на фотографии „Занаетчиството во Битола“, денеска (петок, 20 јули) фестивалот „Локум фест“ во 20:00 часот продолжува со Дефиле низ Широк сокак.

По Дефилето на Широк Сокак во  20:30 часот следува настапува пејачкото друштво „Сирма Војвода“ од Макеоднија, а потоа и групите Kynnes Kabale “ од Данска и „Istanbul Kolektif “ од Турција.

Во духот на негување и зачувување на традицијата денеска ќе биде отворена и изложба на ракотворби чиј организатор е ЗУР Македонски ракотворби. Фестивалот „Локум фест“ се одржува 6 година по ред, како дел од Бит Фест.

You May Also Like