Учениците од ОУ „Љубен Лапе“, Денот на учителот, 5-ти Октомври, го одбележаа со приредба на која се претставија со лични творби посветени на наставникот, а читаа и извадоци од книги посветени на учителот на македонски и на англиски јазик.
На тој начин учениците од ОУ „Љубен Лапе“ изразија голема благодарност за се’ она што нивните наставници го прават во текот на својата секојдневна работа.