„Црна лисица“ роман за политичката емиграција

Писателот Блаже Миневски го промовираше најновиот роман „Црна лисица“ посветен на македонската политичка емиграција.

Книгата е работена по цела година истражување на архивите со податоци за малтретирањето на, како што вели самиот Миневски, “Македонците што ја сакаа Македонија повеќе отколку што беше дозволено” романот е посветен и на најпознатиот македонски политички емигрант, односно еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ Драган Богдановски.

Во “Црна лисица” се користени автентични документи на УДБА и СДБ, разговори со сведоци, полициски извештаи, прислушувани разговори, запленета архива, писма и документи на македонските организации во Европа. Најголем дел од романот се базира врз вистински податоци и факти.

You May Also Like