Презентација на прирачникот „7 проектни чуда“

People to People International Skopje creACTive Student Chapter организираат презентација за прирачникот за организирање хуманитарни настани „ 7 проектни чуда“. Презентацијата ќе се одржи на 22.10.2012 (понеделник) во 14:00  во Младинскиот Културен Центар –МКЦ , во просториите на НВО Центарот.

Прирачникот го изработија членовите на здружението на млади средношколци. Прирачникот беше изработен на European Youth Forum во Берлин заедно со уште 6 држави од светот: Бугарија, Ерменија, Германија, Чешка Република, Египет и Албанија.  Прирачникот ќе биде достапен во печатена верзија и сите присутни ќе може да се информираат повеќе за како да ги подобрат своите организациони способности.

Оваа презентација ќе биде и информативна презентација за PTPI Skopje.  PTPI е интернационална мрежа која што промовира „Мир преку разбирање“ и има свои поглавја (чаптери) на секаде низ светот. Скопје исто така има ваков чаптер и е целосно предводен од средношколци.  Сите средношколци што се заинтересирани да се вклучат можат да дојдат да ја проследат презентацијата, а потоа, по завршувањето да ја пополнат апликацијата за членство.  Презентацијата е отворена не само за средношколци , туку и за сите оние кои што во иднина планираат да организираат настани и да спроведуваат успешни проекти.

You May Also Like