Од денеска (четврток, 10 април) на репертоарот на киното Милениум се 3 нови наслови: второто продолжение на анимираниот „Рио“, „Нулта-теорема“ на Монтипајтоновецот Тери Гилијам и „Нон-стоп“.
Рио 2 3Д (Rio 2 3D)- премиера 10.04(четврток)
Режија: Carlos Saldanha
Улоги: Jesse Eisenberg, Anne Hathaway, Jemaine Clement, Jake T. Austin
Траењенафилмот: ‘101
Жанр:анимација / авантура / комедија
Плавко, син ара папагал, живее совршен живот во Рио де Женеиро со својата сакана сопруга Бисерка и нивните 3 деца. Но кога Бисерка ќе одлучи дека децата мораат да научат, да живеат како сите прави птици, работите се компликуваат…Семејството од удобниот живот во Рио се сели во непознатите шуми на Амазонија, во кои Плавко, смотана градска птица, не се снаоѓа баш најдобро. На патот доживуваат бројни авантури, но најголемата од нив е запознавањето со Бисеркината фамилија…, поготово запознавањето на Плавко со неговиот свекор. Иако неизмерно се труди да се вклопи во новата заедница, со новите соседи, Плавко се повеќе се плаши дека ќе ги изгуби жената и децата во големиот предизвик на дивината…
Нулта Теорема (The Zero Theorem)- премиера 10.04(четврток)
Режија: Terry Gilliam
Улоги: Christoph Waltz, Mélanie Thierry, David Thewlis
Траењенафилмот: ‘107
Жанр:Драма / Фантазија / Научна Фантастика
Ексцентричен и повлечен компјутерски гениј, кој живее во Орвеловски корпоративен свет, воден од егзистенцијален гнев, работи на мистериозен проект „Нулта Теорема“ – математичка формула која треба да потврди дали животот има смисла. Тој само еднаш во животот успеал да ја искуси моќта на љубовта и посакал да ја разбере причината поради која луѓето постојат…
Нон-Стоп (Non-Stop)- премиера 10.04(четврток)
Режија: Jaume Collet-Serra
Улоги: Liam Neeson, Julianne Moore, Scoot McNairy, LupitaNyong’o
Траењенафилмот: ‘106
Жанр:Акција / Мистерија / Трилер
Маршалот Бил Маркс патува со летот од Лондон до ЊуЈорк… За време на летот добива заканувачка порака која вели: „Доколку 150 милиони долари не бидат префрлени на Оф-Шор сметка за 20 минути, некој ќе умре…“. Маршалот се наоѓа во безизлезна ситуација…