„Хобитот“ в четврток конечно во Скопје

В четврток, на 31 јануари, 2013 долгоочекуваното продолжение на „Хобит: Неочекувано патување“, ќе ја има својата кино премиера во Македонија. Филмот ќе биде прикажан како дел од редовниот репертоар на киното Cineplexx.

Станува збор за епската авантура/фантазија режирана од Питер Џексон во 2012 година. Филмот е првиот од трите дела на филмската адаптацијата заснована на новелата Хобит од Толкин објавена 1937 год. Следствено на овој дел ќе бидат продуцирани и Пустошењата на Шмауг и Онаму и повторно назад во 2013 и 2014. Овие три филмови заедно претставуваат претходник на Џексоновата трилогија Господар на прстените.

Синпосис
Случувањата во филмот се сместени во Средната земја, шеесет години пред „Господарот на прстените“. Билбо започнува возбудлив потфат, да го врати изгубеното кралство на џуџињата на Еребор од канџите на страшниот змеј Шмауг. На волшебникот Гандалф му се придружува и дружината од тринаесет џуџиња, предводени од легендарниот воин Торин Дабовштит. Патот ќе ги доведе во дивината, низ опустошената земја која ја разорале Гоблини и Орки.

You May Also Like