Презентација на делата од ликовната колонија „Скопје 2011“

Утре, (петок, 26 август 2011 година), со почеток во 20:30 часот, во хотелот Арка, во Старата скопска чаршија, ќе бидат презентирани делата на десетте ликовни уметници, што изминатава недела твореа во рамки на 6-та Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2011“.

Уметничките дела што ги изработија македонските и уметниците од странство, работени под влијание на импресиите од Скопје, ќе ги претстават директорката на Музејот на град Скопје, Љубица Кондијанова и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

You May Also Like