Стариот театар ќе биде отворен на Светскиот ден на театарот

Новиот објект на стариот театар во Скопје ќе биде отворен на 27 март на Светкиот ден на театарот.

Театарот ќе биде отворен со премиера на претстава по текст на Јордан Плевнеш. На горната површина на покривот од театарот веќе се поставени 45 скулптури кои биле обележје и на стариот театар.

Театарот освен главната функција, театарската дејност, ќе има и музејска функција. Целокупната орнаментика што е застапена во ентериерот на театарот е врзана за македонската култура и историја.

You May Also Like