Заврши Ролеријада 2013

Вчера на булеварот „Илинден“, се одржа втората по ред Ролер трка, наречена „Возиме кон иднината“ во организација на ЈУ Детскиот културен центар-Карпош од Скопје и Град Скопје.

 

Стартот, како и минатата година, така и оваа беше од пред фонтаната на Градскиот парк , а натпреварувачите се движеа до раскрсницата на бул. „Илинден“ со ул.„Никола Тесла“ (кај ЈП Паркови и зеленило). На Ролеријадата 2013 присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Првото место го освои Гордан Нацев од ОУ „Блаже Конески“ и му беа доделени ролери со заштитна опрема, второто место го освои Алек Магдевски од ОУ „Невена Георгиева-Дуња“ и доби комплет ролерки, а трет на целта пристигна Валентино Каранфиловски, соученик на Алек и како награда доби комплет заштитна опрема или заштитна кацига и штитници за раце и за нозе.


Во манифестацијата „Возиме кон иднината“, минатата година учествуваа околу 400 учесници, а годинава на Ролеријадата 2013, учествуваа околу 500 деца од 18 основни училишта. Сите учесници во Манифестацијата, нивните ментори и наставници од ДКЦ „Карпош“ добија благодарници за придонесот во масовноста на Ролеријадата 2013.

Во оваа спортска манифестација учествуваа ученици од повеќе основни училишта од градот и од околината.Целта на оваа рекреативна масовна акција е развивање на спортскиот дух на нашите најмлади,како и создавање навики за спортување.

Со мислата во здраво тело-здрав дух, организаторите сакаа да ги анимираме нашите најмлади да ги засакаат ролерите и да го развијат духот на масовна дружба.Со унапредувањето на ролер спортот,градот ќе се збогати со уште една масовна манифестација, која има тенденција да прерасне во традиционална, а од година во година и се помасовна.


You May Also Like