„Хартија – креативен медиум“ завршна изложба во Чифте амам

По повод завршувањето на проектот „Хартија – креативен медиум“, вчера (среда, 25 април) во просториите на Национална галерија на Македонија- објект Чифте Амам, во Старата скопска чаршија беа доделени и останатите награди и благодарници за сите учесници во успешно реализираниот проект. Изложбата на отвори директорката на Националната галерија, Халиде Палоши.

Овој проект беше организиран од Национална галерија на Македонија како носител на проектот, од НУБ „Свети Климент Охридски” од Скопје, Кинотека на Македонија, а беше потпомогнат од општините Центар, Аеродром и Карпош.

Работилницата за рачно изработена хартија, како дел од овој Проект се наоѓаше во просториите на НУ НУБ „Свети Климент Охридски” во рамките на „Младиот Св. Климентов универзитет”. Во средата во просториите на Чифте Амам, благодарница добија Министерството за култура,  НУБ„Свети Климент Охридски” од Скопје, Кинотека на Македонија, општините Центар, Аеродром и Карпош, инволвираните училишта и партнерите Маргони, Комуна, Касвер Ц, како и професорот Симон Шемов.

Осмоодделенката Викторија Лазова од основното училиште „Димо Хаџи Димов” од Општина Карпош ја освои првата награда во рачна изработка на креативно дело од хартија-(колаж). Сите останати ученици учесници во работилницата, добија сертификати за за звршениот курс и стекнатата вештина.

 

You May Also Like