Виолончелистот Јоханес Мозер на концертот на Македонската филхармонија

Концерт на Македонската филхармонија заедно со германскиот виолончелист Јоханес Мозер. На програмата ќе биде изведен романтичниот концерт за виолончело и оркестар од британскиот композитор Едвард Елгар …

johannes_moser

На вечерашниот концерт на Македонската филхармонија ќе настапи германскиот виолончелист Јоханес Мозер, кој ќе го изведе романтичниот концерт за виолончело и оркестар од британскиот композитор Едвард Елгар.

– Од критиката Мозер е опишан како еден од најдобрите меѓу бесконечната галерија на млади виртуози, еден од најистакнатите виолончелисти на нашето време и настапува на најпрестижните светски сцени со диригенти и оркестри од највисок ранг. Само во изминатите неколку недели, настапи во престижниот Карнеги хол со оркестарот Филхаделфија и маестро Јаник Незет-Сегуин, а неговото македонско деби го имаше во 2010, година кога неговиот настап изнуди бравурозни реакции од публиката и критиката, соопшти Филхармонијата.

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе го води бугарскиот диригент Емил Табаков, под чие водство ќе биде изведена Симфонија бр. 2 од Јоханес Брамс.

Концертот на Филхармонијата во Македонската опера и балет се реализира во соработка со Амбасадата на Германија во Македонија.

You May Also Like