Министерот за култура на Република Македонија, Елизабета Канческа –Милевска е добитник на годинешната престижна Гран-При награда за културен менаџмент која ја доделува меѓународната академија „Михаил Еминеску“ од Романија.
Основачи и членови на оваа меѓународна академија се и двајца добитници на Нобеловата награда, што зборува за кредибилитетот на признанието со кое Министерката е наградена. Наградите на Меѓународната акaдемија се доделуваат секоја година на личности кои даваат особен придонес во културното живеење на национално и меѓународно ниво.
Гран-при наградата за културен менаџмент ќе и биде доделена на министерката за култура за еден месец, на заеднички настан кој ќе го организираат Министерството за култура и Амбасадата на Романија во Република Македонија.