Избрани годинешните добитници на државната награда „23 Октомври” во согласност со Законот за државните награди …
Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври”, во согласност со Законот за државните награди, на својата последна седница донесе одлука за доделување на државната награда „23 Октомври” во 2014 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно – историското наследство на Република Македонија.
1. За остварување во областа на науката и образованието наградата и се доделува на проф. д-р Анастасика Попоска, специјалист-ортопед.
2. За остварување во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:
– Милош Линдро , писател
– Доне Милјановски, ликовен уметник
– Димитар Узунски, народен уметник, фолклорист и
– Македонска филхармонија.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 23 октомври 2014 година (четврток) во 12 часот, во Собранието на Република Македонија, се вели во соопштението на Претседателот на Одборот академик Владо Матевски.