„Т’к Так фест“ со помош за Маја Kерова

Сфаќајќи ја вредноста на животот, македонските рок легенди кои ќе бидат дел од второто издание на „Т’к Так Фест“ заедно со нивните наследници ќе се придружат во хуманитарната мисија за помош на Маја Керова.

Маја најитно мора да замине на лекување во Клиниката на Др.Бурзински во Хјустон, која третира пациенти заболени од рак со специјализирана персонализирана терапија базирана на молекуларно профилирање. Резултатите од третманот кој се практикува во клиниката се фасцинантни, а трошоците за лекувањето изнесуваат од 60-180.000 американски долари.

Согласно информациите добиени од организаторите на „Т’к Так Фест“ кутии за донации ќе бидат поставени до секој од штандовите кои ќе се наоѓаат на фудбалското игралиште при спортскиот центар Јасмин, а сите оние кои не сакаат јавно да го искажат својот хуман гест, можат своите донации да ги уплатат на трансакциската сметка: 21050-16342884-47 отворена во НЛБ Тутунска Банка (со цел на уплатата Донација за лекување на Маја Керова”) или повикувајќи ги следните телефонски броеви:
077 143 702 за корисниците на VIP мобилниот оператор
075 143 133 за корисниците на ONE мобилниот оператор
070 143 132 за корисниците од T-Mobile мобилниот оператор
како би донирале 100 денари со секое јавување.

Донации може да се уплатат и на девизната сметка:
Maja Kerova
Ul.Ilindenska 60/13 Kavadarci Makedonija
IBAN: MK07210501634288447
SWIFT:TUTNMK22

You May Also Like