Книжевно читање со Младен Ломпар од Црна Гора

Денеска (сабота 8 јуни) во ресторанот „Балкан експрес“ во Дебар Маало со почеток во 20:30 часот, Блесок во соработка со книжевната мрежа „Традуки“ организира книжевна вечер со авторот Младен Ломпар од Црна Гора.

Во текот на книжевното читање, ќе биде промовирана поетска книга на Ломпар „Засипнат глас”, во превод на Игор Исаковски, издание на Блесок. Објавувањето на книгата е поддржано од книжевната мрежа Традуки. Опфаќајќи го поетскиот опус на Младен Ломпар во опсег од четири децении (1969-2011), овој авторски избор го донесува најдоброто од неговата поезија.

Младен Ломпар е роден во на 22 март 1944 година на Цетиње. Историчар на уметноста со диплома од Филозофскиот факултет во Белград. Член е на Дукљанската академија на науки и уметности и претседател на Црногорскиот ПЕН центар. Главен и одговорен уредник е на списанието

You May Also Like