На 12 март (среда) во 20:30 во МКЦ Клуб ресторан со настанот „Блесок – за сте нас!“ ќе биде одбележан 16-от роденден на најстарото европско интернет списание за култура и уметност – Блесок.
Во најавата за настанот „Блесок – за сите нас!“ стои: „Во чест на овие шеснаесет години, во кои објавивме илјадници песни, раскази, извадоци од романи, драми, есеи, критики и осврти, слики, музики, видеа… – дојде момент пак да се сретнеме, со насмевка.“
На сцена, со свои текстови ќе настапат: Елизабета Баковска, Румена Бужаровска, Џабир Дерала, Александра Димитрова, Богомил Ѓузел, Јовица Ивановски, Тихомир Јанчовски, Јелена Лужина, Оливера Николова, Михаил Ренџов, Благица Секулоска, Катица Ќулавкова.
На видео бим, со свои дела: Сергеј Андреевски, Роберт Атанасовски, Тања Балаќ, Билјана Василева, Кире Галевски, Марко Георгиев, Осман Демири, Сашо Димоски, Славица Јанешлиева, Лазар Личеноски, Коле Манев, Благоја Маневски, Стефан Маневски, Петар Мазев, Антони Мазневски, Мирослав Масин, Андреј Митевски, Дарко Мораитов, Гоце Наневски, Касиопеја Наумоска, Сања Николиќ, Станко Павлески, Димитар Пандилов, Илија Пенушлиски, Драган Петковиќ, Сашо Поповски, Маријета Сидовски, Бојан Симовски, Марјан Стојковски, Предраг Урошевиќ, Симонида Филипова Китановска, Ладислав Цветковски, Глигор Чемерски …
На сцена, со музика и глас: Maria Jazz Trio – Марија Димитријевиќ, Дејв Вилсон, Јовица Јовановски.
Во публика, заедно со сите вас, уредничките на Блесок: Калина Буневска Исаковска, Горјана Јордановска, Лидија Капушевска Дракулевска, Калина Малеска, Ана Мартиноска, Наташа Сарџоска.