„Трето полувреме“ конечно и во Прилеп

Од вчера (понеделник, 21 јануари 2013 година), љубителите на филмската уметност од Прилеп, ќе можат да го проследат филмот ,,Трето полувреме,, во режија на Дарко Митревски.

 
,,Трето полувреме,, кој светската премиера ја имаше на фестивалот ,,Браќа Манаки,, пред неколку месеци, е интересна приказна за љубовта и лојалноста во време на војна прикажана низ настаните поврзани со фудбалскиот тим ,,Македонија,,. Паралелно се отсликува и љубовната приказна на Ребека, која го избегнала холокаустот и депортацијата во логор.

 

Филмот се темели на вистинската приказна  за Нета Коен, која ја раскажуваат актерите Сашко Коцев, Катерина Ивановска, Ричард Самел, Раде Шербеџија, Емил Рубен, Митко Апостоловски и други. Музиката е на Кирил Џајковски.

 

Проекциите ќе бидат секој ден во Центарот за култура „Марко Цепнков“ од 20:00 часот.

You May Also Like