Македонија атрактивна на Саемот за туризам во Финска

Македонија беше претставена како атрактивна туристичка дестинација на Саемот за туризам во Хелсинки, Финска кој се одржа оваа година од 17-20 јануари, а во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Претставниците од Агенцијата за туризам беа во придружба на македонските приватни туристичките агенции “Бадем турс”, “Атлантис” и  финска агенција “Naantalin Matkakauppa”. Македонскиот штанд беше посетен од Амбасадорот на РМ во Шведска и Финска Кире Илиоски и фински компании “Похјанмаа Травел”, “Јахти Маткат”, “Матка Виталиа”, асоцијација на фински тур оператори Смал Афта и Елфи – Естонска туристичка асоцијација.

“Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот работеше напорно за достоинствено да ја претстави Македонија на саемот за туризам во Финска” – изјави Јордан Трајков директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, и додаде “Напорната работа секогаш се исплати, и овој пат штандот на Македонија привлече огромен број на заинтересирани, без разлика дали за посета или пак за професионална соработка со нас”.

-“Владината одлука за зголемување на субвенциите за туристите од Финска предизвика голем внимание и интерес од страна на најголемите тур оператори во Финска и се надеваме дека успешната соработка со “Aurinkomatkat и Finnair“ ќе продолжи и ќе се интензивира во наредните години” изјави Амбасадорот на РМ во Шведсска и Финска, Г-дин Кире Илиоски.

Ангажираноста на Агенцијата да го промовира туризмот со изгледот на новиот, поубав и поголем штанд, транспарентите и перфектните промотивни и исцрпни материјали го интензивира присуството и успеаa да го привлечат вниманието на туристите кои се заинтересирани за нашата култура, историја и можностите што ги нудат природните реткости во овој бисер на Балканот. Исто така професионалците од туристичката индустрија оваа година очекуваат одлична туристичка сезона со зголемен број на туристи од Финска во соработка со тур операторите “Aurinkomatkat и Finnair”.

You May Also Like