„Сеќавање на еден град“ – дискусии за Битола

Од 22-26 јануари 2013 во НУ Центар за култура во Битола ќе бидат одржани две јавни дискусии и работилница со наслов „Сеќавања за еден град“.

Станува збор за копродукција на НУ Центар за култура – Битола, Факултет за работи што не се учат од Битола и Фрлачи на сенки од Загреб

Концепт: Филип Јовановски, Ивана Васева

Програма:

1. Јавна дискусија:
Сеќавање на еден град: Битола, Вагнер и Лист
23.01.2013 (среда)
НУ Центар за култура – Битола (мала сала)
Старт: 19 часот

Гости:
Борис Бакал, директор и основач на меѓународната креативна платформа „Фрлачи на сенки“ (Bacači Sjenki/ Shadow Casters)
Филип Јовановски, уметнички директор на АКТО фестивалот за современа уметност
Група ЕЛЕМЕНТИ (Биљана Петровска Исијанин и Љупчо Спировски Исијанин), уметничка група и Центар за современа јавна уметност „ЕЛЕМЕНТИ“
Борче Димитровски, директор на НУ Центар за култура – Битола
Александар Стерјовски, хроничар на Битола

Модератор:
Ивана Васева, независен куратор

Работилница

„Сенчење на градот, урбана меморија, хипертекст“
НУ Центар за култура – Битола
24 – 26.01.2013 год.
(затворена сесија)

Ментори на работилницата: „Фрлачи на сенки“ (Борис Бакал, Петра Тежак, Барбара Бласин, Маре Шуљак)
Учесници: Снежана Алтипармак, Ивана Васева, Ѓорѓе Јовановиќ, Филип Јовановски, Владимир Лукаш, Вук Митевски, Јованка Попова

2. Јавна дискусија:
Сеќавање на еден град: Микроутопии и стварности
26.01.2013 (сабота)
НУ Центар за култура – Битола (мала сала)
Старт: 12 часот – 15:00 ч

Гости:
Јованка Попова, независен куратор/ презентација на проектот СКОПЈЕ: ВРВНА КОЛЕКЦИЈА НА ЛИЧНИ СЕЌАВАЊА 1960 -2010 вол. 1/ SKOPJE: THE ULTIMATE GOLDEN COLLECTION OF PERSONAL MEMORIES 1960 – 2010 vol. 1 создаден во рамки на манифестацијата „Бела ноќ“ (6 октомври, 2012 год.)
Јане Чаловски, уметник/ презентација на проектот Мастер план, претставен на биеналето Манифеста 7 (19 јули – 2 ноември, 2008 год.)
Владимир Јанковски, писател / презентација на книгата „Лицата на невидливиот град“, изработена заедно со Иван Блажев (2010 год.)
Ѓорѓе Јовановиќ, уметник/ презентација на проектот „На Битола со љубов” , кој е добитник на специјалната награда на АKTO 7- Фестивал за современи уметности
(09 – 12.08.2012)
Презентации на резултатите од работилницата: „Сенчење на градот, урбана меморија, хипертекст“
„Фрлачи на сенки“(Bacači Sjenki/ Shadow Casters)

Модератори: Ивана Васева и Борис Бакал

You May Also Like