Мултимедијалниот настан „Улица“ вечер во Концепт 37

Денеска (петок, 7 февруари 2014) во 20:30 во Концепт 37 ќе се одржи мултимедијалниот настан „Улица“. Настанот е дел од одбележувањето на Меѓународната недела на продавачите на уличен печат, а организатор е единствениот уличен весник во Македонија „Лице в лице“.

ulica_multimedijalen_nastan

 

„Улица“ е замислен како:

– изложба на фотографии на Томислав Георгиев и на Роберт Атанасовски;

– литературни записи на Никола Маџиров, Ирена Јорданова, Николина Андова, Иван Шопов, Ана Голејшка, Дарко Лешоски, Биљана Стојановска и Маја Васева;

– перформанс на ИНКА – учествуваат Кристина Тодороска – Петреска и Климент Попоски заедно со продавачите на „Лице в лице“;

– музика на Mammoth & Yashem и диџеј сет на Ненад Тонкин;

– промоција на новиот, 9-ти број на уличното списание.

„Лице в лице“, заедно со останатите улични весници и списанија членки на INSP, од трети до деветти февруари ја одбележува Меѓународната недела на продавачи на уличен печат. а овој настан е дел од одбележувањето.

You May Also Like