„Тра ла ла“ – награди и признанија

За прв пат во рамките на Бит Фест 2011 и децата добија своја детска програма.  После интернационалниот детски театарски фестивал ,,Битолино” кој се одржа од 05 до 07.08.2011, на 19.08.2011 (петок) се одржа 12-тото издание на Интернационалниот детски музички фестивал ТРА ЛА ЛА, под покровителство на Градоначалникот Владимир Талески.

„Тра ла ла“ во петокот во античкиот локалитет Хераклеја на едно место ги собра 18-те учесници од кои 8 се од Македонија, а 10 учесници доаѓаат од други земји: Италија, Босна, Хрватска, Србија, Словенија, Бугарија, Црна Гора.

Од минатата година детскиот фестивал Тра ла ла ја зголемува својата едукативна функција определувајќи тема како насока во која ќе се движи фестивалот. Минатогодишната тема беше ,,Космос”, a оваа година темата е ,,Музика” преку која се изразува образовната функција на фестивалот кој дава можност децата од најмала возраст да стекнат знаења за значењето на музиката, за етиологијата на зборот и за неговата примена.

Преполното гледалиште во античкиот театар Хераклеја уште еднаш докажа за популарноста и рејтингот на оваа најголема детска манифестација не само во нашата држава, туку и пошироко. Со овации беа пречекани огнометите кои ја збогатија севкупната слика на прекрасната визуелна сценографија. Водителките на фестивалот, актерката Габриела Петрушевска и водителот на англиски јазик Александра Цветковска беа на висина на својата задача, анимирајки ја повеќеилјадната публика.

После изведувањето на 18-те композиции, со нетрпение се дочека настапот на Магдалена Кочоска и на Македонскиот идол, Виктор Апостоловски.

Жири комисијата во состав: Билјана Дамјановска – Јанчевска (претседател на жирито), Снежана Полихронова – Карнолски (Бугарија), Крсте Симоновски (Македонија), Оливера Цветиќ (Србија), Бојан Стојков (Македонија), Горан Пулетиќ (Б и Х) и Дијана Гогова (Македонија), одлучи наградите да припаднат на :

– награда за најдобар текст  за композицијата „Љубав је…“ во изведба на Ѓорѓе Марковиќ (Србија)

– награда за најдобра музика: песната Кад порастем бичу бака“, која ја изведе Лорена Јанковиќ од Црна Гора

– награда за најдобар аранжман: композицијата на авторот Марјан Нечак „Мој принцу“, а во интерпретација на Екатерина Цветковска

– 3-та награда од жири: песната „Тип топ“ во изведба на Андреа Иваилова Цонева (Бугарија)

– 2-ра награда од жири:  „Мој принцу“ и повторна малата Екатерина Цветковска

– 1-ва награда од жири: Ангела Шутиќ од Србија со песната „Тајна веза“

– признанието ГРАН ПРИ наградата на 12-тото издание на Интернационалниот детски музички фестивал „ТРА ЛА ЛА“ – Битола 2011, ја освои композицијата „Само фантазија“, чиј комплетен автор е Кристијана Габроски, а жирито со својата интерпретација го плени прекрасната Елена Стојчевска.

 

You May Also Like