Скопското дуо „Живи Статуи“ на карневал во Птуј

Дуото „Живи Статуи“ од Скопје, со свој настап на карневалот Птуј (Словенија), кој се одржа од 3-12 февруари 2013 година.

Најстариот словенечки град Птуј половина век е познат по Курнетувањето, карневал кој е најголем етонолошки и културен настан во овој дел од Европа.Настанот е именуван по мистичниот лик Курентот кој е типичен за Птуј и неговата околина.

Курентот претставува повеќе од маска и означува симбол на владеењето на доброто над злото, светлината над темнината и воспоставува врска со исконската човечка природа.Во 2013 година Курентовањето се случуваше од 3 до 12 февруари,каде што се приклучија маски од целиот свет.

Курентот е традиционална карневалска фигура на Птуј. Настанал од народни традиции, многу одамна маската ја носеле само немажени момчиња, но денес маската курент ја носат мажи,жени и деца. Постојат два типа на куренти: курент со пердуви и курент со рогови. Курентот е облечен во овча кожа-палто,околу половината носи синџир со звона, на нозете хеланки и тешки чизми.На главата има капа со маска а во левата рака држи стап со на врвот кожа од еж.

Во последните неколку години карневалот започнува на 2- ри февруари.Почнува во вечерните часови,кога курентите се собираат, палат оган и чекаат полноќ, кога можат да го започнат својот круг.Курентовањето трае 11 дена.Започнува со отворање поворка на словенечката карневалска маска и се предава на градските власти, карневалскиот принц.Освен секојдневните маски на карневалот се случуваат и други забавни настани кои се одржуваат на градскиот плоштад,големата забава во карневалската сала,парадата на традиционалната карневалска маска,детскиот маскембал,погреб и враќање на власта на градоначалникот на градот.

Курентувањето се состои од три богати тематски настани:Етно Фест,Карневал Фест и Арт Фест.Меѓународниот карневал се случи на 10 февруари оваа година со голема карневалска манифестација, која на улиците на Птуј броеше околу 4000 локални маски од земјата и од странство.  Големо внимание привлекоа дуото “Живи Статуи” од Скопје со нивниот целосен бел креативен изглед.

Во саботата на 9 ти февруари беше обележан Град карневал Корсо  – 140 годишнината од првата организирана поворка околу градот Птуј. Имаше посетители од Словенија и странство кој оваа година во текот на 10 дена беа забележани околу 140 000 лица.

You May Also Like