Вечер (вторник, 26 јуни) во 20 часот на сцената на Македонската опера и балет ќе биде изведена една од најпознатите светски опери – „Травијата“.
Режисер на претставата е гостинката од Бугарија Нина Најденова, сценограф е нејзиниот сонародник Борис Стојнов, костимограф Цветанка Стојанова, а корограф Борјана Сечанова и двајцата исто така од Бугарија. Со хорот и оркестарот на МОБ диригира Бисера Чадловска, асистент на режија е Трајко Јордановски.
Во главните улоги на најпознатото Вердиево дело настапуваат: како Виолета Валери – Благица Поп Томова, Алфред Жермон – Зоран Сотиров, Жорж Жермон-Борис Трајанов, Флора: Александра Лазаровска – Василевски, Анина – Ана Ројдева – Талевска, Барон Дуфол- Ернес Ибраимовски, Маркиз Обињи – Кристијан Антовски, Гастон – Зоран Даскаловски, Д-р Гренвил – Невен Силјановски, Јозеф – Игор Гиновски
Настапува балетскиот ансамбл на МОБ.