Утре (вторник, 18 декември) во Дом на Армија од 10 до 14 часот ќе се реализира завршниот дел од проектот „Иницијатива за одржливи градови – ревизија на социјалната одржливост“, кој Коалицијата за одржлив развој го реализира за потребите на Светска банка Австрија.
Конкретно, присутните (претставници од централната, градската и локалните власти, од невладиниот, граѓанскиот и бизнис секторот…) ќе бидат поделени во работни групи, каде што ќе ги изнесат сопствените ставови и размислувања за социјалната одговорност, со акцент на тоа – колку на граѓаните и на ранливите групи им се достапни услугите што како нивен сервис ги нуди власта на сите нивоа