Домот на културата „Мирка Гинова“ од Демир Капија доби нов современ и репрезентативен галериски простор …
Во рамките на програмските активности на Министерството за култура за унапредување на инфраструктурните капацитети на институциите од областа на културата, во изминатиот период беше реализиран проектот за целосна адаптација на изложбениот простор во оваа локална установа. Извршена е санација на внатрешноста, реновиранa е надворешната и внатрешната столарија, а набавена е и нова опрема за редовно функционирање на објектот.
Со адаптацијата на просторот, Домот на културата „Мирка Гинова“ доби нов галериски простор, а со овој зафат се обезбедија услови за унапредување на ликовната уметност и за презентирање разновидни изложби во оваа локална установа.
Овој проект е силен импулс за локалниот културен развој на оваа општина, при што во наредниот период значително ќе се зголеми бројот на ликовни претставувања и други видови случувања од сите дејности на културата.