КУД „Стив Наумов“ – Битола на интернационален фестивал на хорови во Солун …
Мешаниот хор на Културно-уметничкото друштво „Стив Наумов“ од Битола вечер ќе настапи на Интернационален фестивал на хорови што се одржува со Солун.
Диригентот на хоровите на КУД „Стив Наумов“-Битола, Љубомир Трифуновски, изјави дека поканата за учество на фестивалот пристигнала по успешниот настап на младинскиот женски хор што го имале пред две години на меѓународниот собир на хоровите во Грција.
– Фестивалот е со ревијален карактер, но со задолжителна хорска програма во која треба да бидат застапени композиции од домашни автори и странски мјузикли. Ние одлучивме вечер пред публиката во Солун да настапиме со хорски композиции со македонски изворни мотиви од делата на композиторот Скаловски, а ќе отпееме и неколку евергрини, рече Трифуновски.
Интернационалниот фестивал на хорови почна синоќа, а ќе заврши утревечер. Годинава учествуваат 15 хорови од исто толку држави во Европа.
