„Танец“ одржа хуманитарен концерт за Трескавец

Синоќа во Прилеп, Националниот ансамбл за игри и песни „Танец“, заедно со своите гости Блага Петревска и Сузана Спасовска одржа хуманитарен концерт за  обнова на манастирот Трескавец.

Продадени беа сите 650  влезници со колкав капацитет располага големата сала од Домот на културата „Марко Цепенков“.

Овој концерт и синоќешната претставата на Театарот Комедија во Скопје се првите културни настани од серијата планирани за помош на Трескавец.

Со овие два настана Министерството за култура го почна анимирањето на сите културни институции со концерти, претстави, настани да се вклучат во акцијата за собирање средства за обнова на Трескавец. Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески најави во април голем концерт на градскиот стадион „Гоце Делчев“ на музички ѕвезди од земјава и од Балканот.

Во моментот се активни телефонските броеви за донација : 075/143-250, 077/143-250 и 070/143-414 како и жиро сметката: 300020000264069 на кој сите заинтересирани граѓани може да донираат.

You May Also Like