Во петок (16.12.2011), со почеток во 20:00 часот, во изложбениот салон на Кинотека на Македонија, ќе бидат изложени дела на младиот академски сликар Владимир Симеонов.
Оваа е седма самостојна изложба на уметникот, кој претходно има изложувано во Скопје, Битола, Кочани, Кавадарци…
На изложбата Симеонов ќе се претстави со дела почнувајќи од неговите студентски денови, па се’ до денешните. Делата ќе варираат во форматот, од каде произлегува и насловот „Серија: Големо и Мало“.
Изложбата е во покровителство на Општина Карпош, а помогната од Кинотека на Македонија и Галерија Осум.