„Струмица опен фестивал“ – замена за културното лето

Од денеска (понеделник, 13 август, 2012 година) во Струмица зпочнува манифестацијата „Струмица опен фестивал“, која треба да биде еден вид замена на културното лето што овој град го нема.

„Струмица опен“ ќе биде отворена со претставата „Јованче и Марика“ која вечер во 21:00 часот ќе биде изведена во амфитеатарот во Струмица. Претставата е во режија на Дарко Ковачковски.

Манифестацијата  се одржува по предлог на Здружението на граѓани „Забавен културен живот”. Oпштина Струмица обезбеди  40.000 евра, а фестивалот ќе трае до 20 август.

You May Also Like