Кавадарци прв ги пречека „Поетите за промена“

Викендов во спомен-костурницата во Кавадарци се одржа поетската манифестација „Поети за промена“ во рамки на глобалната манифестација „100 илјади поети за промена“.

Кавадарци е прв град во Македонија од повеќето во кои се планирани вакви поетски читања.
Пред Кавадаречката публика,свои стихови читаа поетите: Вероника Костадинова, Надица Тренчева, Митко Гогов, Светлана Митрева, Милка Миндева, Цветанка Колева, Марјан Тодоровски, Александра Ристова.

Главниот настан „100 илјади поети за промена“ во Македонија ќе се случи на 29 септември во Струмица.

You May Also Like