Концерт на Воениот оркестар во Гостивар

На градскиот плоштад во Гостивар денеска ќе се одржи промотивен концерт на Воениот оркестар на АРM …

gostivar1

Во рамки на програмата, на која ќе присуствува и командантот на 1. механизирана пешадиска бригада, бригаден генерал Павле Арсоски, припадниците на баталјонот за почести ќе ја изведат точката „ЕГЗИРЦИР“ со која ќе демонстрираат висока строева извежбаност во работа со пушка.

Воениот оркестар во траење од околу еден час ќе изведе репeртоар од различни нумери од познати светски автори, обработени за оркестарска изведба.

Со денешниот промотивен концерт Воениот оркестар првпат гостува во Гостивар, а со кој продолжува реализацијата на проектот за соработка со локалната самоуправа во Република Македонија, чија основна цел е низ дружење Армијата да се доближи до граѓаните и во градовите каде АРМ нема гарнизони.

Со гостувањата на Воениот оркестар во Македонски Брод и Делчево, во текот на минатиот месец, започна реализацијата на годинaшната програма на проектот „АРМ поблиску до граѓаните“, со кој до крајот од годината се планирани гостувања во повеќе градови низ Република Македонија.

You May Also Like