Охридскиот анасамбл „Бисери“ гостуваше во Варна

Членовите на ансамблот „Бисери“ од Охрид се вратија од турнеја во Бугарија, каде во перидот од 5 до 9 август 2012 настапија на 21-от Меѓународен фолклорен фестивал Варна 2012.

Атрактивноста на игрите го прават македонскиот фолкор особено интересен за публиката, а настапите оставија силен впечаток кај публиката и кај самите организатори на фестивалот.Играорците на „Бисери“ настапија на сите фестивалски вечери при што а за успешното презентирање на македонскиот фоклор добија посебни признанија од организаторите.

На фестивалот во Варна настапија и учесници од Бугарија, Јапонија, Узбекистан, Турција, Србија и Мексико.

Ансамблот БИСЕРИ функцуонира во рамки на Центарот за култура “Григор Прличев”-Охрид.

You May Also Like