„Случајно“ нова радиодрама на Театра

В недела (16 декември,2012) со почеток во 22:00 часот на Метрополис радио премиерно ќе биде изведена радио драмата „Случајно“.

„Случајно“ е втора од циклусот радиодрами со кои независниот театар Theatra ја започна својата нова сезона и го промовира проектот „Секаде театар.“

Идејата на самиот проект е преку текстови на млади и нови автори да се реафирмира радиодрамата како жанр, а воедно и да се излезе од конвенционалните рамки на театарот и да го доближи независниот театари сцена до својата публика каде и да е, без просторни и временски ограничувања. Партнер на проектот е Метрополис радио мрежа, на чии фреквенции ширум Македонија се емитуваат радио драмите.

Автор на „Случајно“е Дарко Лешоски, млад автор, со отворен и еклектичен пристап во стилот на пишување.„Случајно“ е љубовна приказна составена од поемите на Лешоски. Романтична во копнежот да биде љубовна приказна како во романите, комична во неприфаќањето на ликовите дека е љубовна приказна. Водена од дрскоста и шармантната безобразност на женскиот лик, импулисивно, а интуитивно точно отвора еден урбан свет на бескопромисна љубов. Експлицитна содржина и јазик.
Драматизацијата ја направија Билјана Радиноска и Сашо Димоски. Читаат Васил Зафирчев и Марија Зафирова.

You May Also Like