Травијата вечер во МОБ

Вечер (сабота, 15 декември, 2012) со почеток во 20:00 часот на сцената на МОБ ќе се изведе познатата оперска претстава „Травијата“ од Џузепе Верди.

Опера во три чина. Либрето напишано од Франческо Марија Пјаве. Приказната се базира на новелата „Дамата со камелии“ од Александар Дима –синот.
Првата изведба е во Венеција 6 март, 1853 година во Театро ла Фениче.

Диригент на претставата ќе биде Бисера Чадловска. Режисер Нина Најденова од Бугарија,  сценографија на Борис Стојнов од Бугарија, костимографија Цветанка Стојнова од Бугарија во кореографија на Борјана Сечанова од Бугарија.

Во улогата на Виолета/Валери ќе настапи сопранот Благица Поп Томова, во улогата на Алфред Жермон ќе настапи тенорот Ѓорѓи Цуцковски, во улогата на Жорж Жермон ќе настапи баритонот Нико Исаков од Бугарија.

Настапува оркестарот, хорот и балетскиот ансамбл при МОБ.

You May Also Like