Асоцијацијата за здравствена едукација во соработка – ХЕРА со поддршка од Град Скопје во изминатите десет месеци го реализира проектот „Советувалиште и едукација за превенција од употреба на дрога кај средношколската популација во град Скопје“.
На 18-ти мај (сабота) со почеток во 15 часот во Културно информативниот центар во Скопје ќе почне јавниот промотивен настан „Сакам нешто да ви кажам“. Овој настан на едно место ќе прикаже дел од она што беше креирано во изминатите десет месеци од вклучените училишта. Преку фотографии, постери, музика, видео, есеи, песни и театарски претстави средношколците ги пренесуваат пораките за превенција од употреба на дроги.
Овој проект вклучи девет средни училишта од Скопје во активности кои што се насочени кон превенција од употреба на дроги. Учениците, стручните служби и професорите во овие десет месеци креираа најразлични активности кои имаа за цел на позитивен и отворен начин да ги информираат своите врсници и соученици, а со тоа и да создадат безбедна атмосфера каде што секој може да добие помош и поддршка за овие проблеми.
Бидете дел од овој настан на кој ќе се претстават различните дела на стотина средношколци од 9 средни училишта од Скопје. Градот Скопје го поддржува овој проект веќе трета година по ред, а за реализација од Буџетот во 2011-та, 2012-та и оваа година издвоени беа по 1.000.000 денари.
Јавен промотивен настан „Сакам нешто да ви кажам“ 18.05.2013 (сабота)
Културно информативен центар – Сала Империјал II
15.00 – 15.15 Отворање на настанот
15.15 – 15.45 Литературно читање
Салон 19:19 – аматерски театарски претстави
16.00 – 16.45 Еликсир во пивско шише
17.15 – 18.00 Ѓердан од камења
18.30 – 19.15 Сакам нешто да ви кажам
19.45 – 20.30 Хотел Промаја