Градскиот дувачки оркестар, кој работи под покровителство на Град Скопје, составен е од членови главно професионални музичари и од студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а нивните досегашни настапи им даваа свечена нота на речиси сите државни празници и значајни манифестации.
В недела (02 ноември 2014 година), со почеток во 11 часот, параден концерт со „чекорници“ ќе одржи Градскиот дувачки оркестар, движејќи се во централното градско подрачје, односно од Музеј на град Скопје до паркот Жена Борец.
Членовите на оркестарот ќе ги изведат следниве дела:
– Патриотска чекорница
– Вашингтон пост марш
– 3.Македонска бригада
– Младинска чекорница
– Вардаре македонски
– Огномет на слободата
– Во спомен на Ваташа
– За сите деца
– Дикси парада
– Работнички