Утре (петок, 6.1.2012 година), со почеток во 13:30 часот на плоштадот Пела, свечено ќе биде промовиран објектот „ПОРТА МАКЕДОНИЈА“.
Објектот „Порта Македонија“ претставува симбол на големата историска победа – создавањето независна и суверена Република Македонија.
Со приказ на македонската историја низ вековите и со својата мултифункционалност, „Портата Македонија“, ќе биде нова туристичка атракција за сите граѓани и посетители на нашата земја.